Во Србија се повеќе заболени од коронавирус, вкупно 46 лица

Во Србија се потврдени уште пет случаи на инфекција на коронавирус, со што вкупниот број на заразени се искачи на 46 лица, објави вечерва министерот за здравство, Златибор Лончар.

Министерот на прес-конференција рече дека денес во Србија биле тестирани 12 лица, а пет биле позитивни.

На сите оние кои биле во контакт со заразените, наредена им е изолација.

Треба да знаете
Последни објави