Skip to main content
Македонија

Коцевски: Од Бугарија стигна одговорот за ТОЕФЛ-сертификатот на директорот на АНБ

15/04/2025  22:40

Основното јавно обвинителство Скопје го доби одговорот од Бугарија што го бараше преку меѓународна правна помош во рамки на предистражната постапка за ТОЕФЛ-сертификатот на директорот на Агенцијата за национална безбедност (АНБ), Бојан Христовски.

Државниот јавен обвинител Љупчо Коцевски, во гостување на емисијата „Топ тема“ на ТВ Телма, вечерва изјави дека не може да ја открие содржината на документот, но нагласи дека одговорот ги поттикнал да испитуваат и други околности и факти.

„По меѓународна правна помош стигна од Бугарија – дали работела или не таа школа и дали издавала или не такви сертификати“, рече Коцевски, алудирајќи на училиштето „Јулија Ко.“ од Пловдив, од каде што Христовски го добил својот ТОЕФЛ-сертификат.

Тој најави дека наскоро ќе биде донесена и соопштена одлуката на обвинителството во врска со овој случај.