(Видео) Поради ниските цени на горивата, на бензинските во БиХ се чека во колони

Цената на горивита доживеа пад во земјите од регионот што ги изнеанди потрошувачите. Кај нас бензините еуросупер БС-95 и еуросупер БС-98 се пордаваат за 62 денари, односно 64 денари за литар, а еуродизелот за 54,5 денари.

Во Босна и Херцеговина, според информациите на „Далмација данас“, цените на литар гориво значително поевтиниле, така што, во денарска против-вредност, литар бензин може да се купи почнувајќи од 60 денари, а цените на дизелот започнуваат од 51 денар за литар.

Како што пренесува хрватски „Индекс“ на некои бензински пумпи во БиХ можеле да се забележат колони од возила, некои од нив и со хрватски таблички. Порталот наведува дека за Хрватите е поекономично да го наполнат резервоарот во БиХ, особено во пограничните области.

Треба да знаете
Последни објави