Skip to main content
Скопје

Граѓани со часови чекаат во подземниот паркинг на ГТЦ – автоматите за наплата не работат, а службите се отстутни

12/04/2025  17:44

Хаос се случува попладнево во подземниот паркинг на ГТЦ. Граѓани два часа се „заробени“ на паркингот, откако паркоматите престанале да работат, а службата за наплата била отсутна, пишува Макфакс.

На шалтерите каде досега рачно се плаќаше паркингот, сега има залепено листови на кои пишува дека наплатата се извршува на автоматите.

Но, граѓаните кои се таму велат дека работел само еден автомат, но бил многу бавен, па се создала целата колона.

Дел од граѓаните се со мали деца, дел, пак, коментирале дека брзаат за на аеродром и ќе го испуштат летот.

Како што ни рекоа сведоци, по некое време рампите биле кренати и сега возилата излегуваат бесплатно. Тоа, сепак, ќе потрае со оглед на тоа што има голем број возила внатре на паркингот, а надвор има семафор.

Од ГТЦ сè уште нема официјално соопштение за причините за дефектот.