Skip to main content
Хроника

Лишен од слобода кавадарчанец, со алат се обидел да влезе во туѓ дом

12/04/2025  10:38

Кавадарчанец бил лишен од слобода, со алат се обидел да влезе во туѓ дом, информираа денеска од Секторот за внатрешни работи Велес.  

-Синоќа во 22:00 часот, полициски службеници од ОВР Кавадарци го лишиле од слобода О.В.(42) од овој град,  затоа што со погоден алат се обидел да влезе во дом сопственост на сограѓанинот  Г.Д.. О.В. бил задржан во полициска станица, известен бил јавен обвинител и по документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава, соопштија од СВР Велес.