Најтопол 8. март во Москва во последните 140 години

Температурата на воздухот во Москва денеска се искачи на 8,5 степени Целзиусови, што е рекорд во последните 140 години, откако се мери температурата.

Претходниот рекорд е од 8 март 2014 година кога беа измерени 8,3 степени.

– Во текот на следните пет-шест дена се очекува слично време во Москва со температури од осум до 10 степени, изјави шефот на руската Метеоролошка агенција Роман Вилфанд.

Треба да знаете
Последни објави