Skip to main content
Хроника

Пронајден починат 39-годишен скопјанец во подрачјето на Центар

11/04/2025  12:20

На 10 април 2025 година, во 22:00 часот, во СВР Скопје било пријавено дека во дом на подрачјето на Центар е пронајден починат 39-годишниот М.К. од Скопје.

Според информациите, лекар од Итната медицинска помош ја констатирал смртта на лицето, а по наредба на јавен обвинител, телото било предадено на обдукција за утврдување на причините за смртта.

Од полицијата информираат дека се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.