Skip to main content
Хроника

Потрагата по исчезнатото повозрасно лице од Степанци во Штипско продолжува

11/04/2025  07:51

Исчезнатото повозрасно лице од село Степанци во Општина Штип, кое е пријавено за исчезнато на 07.04.2025 година во 16:20 часот преку Единствениот повикувачки број за итни случаи 112, се уште не е пронајдено. Известени се МВР Штип и Локална самоуправа Штип, а и други институции и служби, здруженија и граѓани коишто можат да помогнат, информираше Регионалниот ЦУК Штип до Секторот за операции и координација во ЦУК.

Во текот на вчерашниот ден потрагата по исчезнатото лице се одвиваше во реонот на село Степанци. За денеска ќе нема организирана потрага, освен од страна на неговите поблиски роднини и пријатели. Но, за утре, ќе се организира потрага на поголем реон. Планирано е да бидат вклучени од страна на МВР 10 полицајци, потоа 10 извидници – членови на Извиднички одред „ЕКВИНОКС – Штип“, ловци – членови на ЛЗ „Ловец“ од Штип, доброволци – вработени од РЦУК Штип, лица од локално население од блиските села околу Степанци, а и роднини на исчезнатото лице.

Инаку, лицето последен пат било видено во саботата на 05.04.2025 година.