Рама: Харадинај е лажго, Курти е интелектуалец

Албанскиот премиер Еди Рама го нарече поранешниот косовски премиер Рамуш Харадинај лажго и фолклорен политичар, кој со воведувањето такси на производите од Србија и од БиХ му нанел голема штета на Косово, додека за актуелниот премиер Албин Курти изјави дека секогаш го сметал за интелектуалец, пренесува „Вечерње новости“.

Гостувајќи во емисијата „Пресинг“ на приштинската Т7 ТВ, Рама рече дека Харадинај е главниот виновник што Приштина сè уште не добила визна либерализација. Тој уште пред една година го советувал, на самитот во Берлин, да ја прифати понудата на францускиот претседател Емануел Макрон во замена за укинување на таксите Косово да добие визна либерализација.

Макрон во тоа време му предлагал на Харадинај да ги суспендира таксите на четири месеци и да овозможи да се покрене дијалог за да се направи нешто што во тој момент се чинело невозможно- да се укинат визите.

„Но Харадинај не го сфаќа тоа иако сега Косово веќе една година ќе имаше визна либерализација. Што направи Рамуш Харадинај со Косово? Ништо. Само наметна такси“, изјави албанскиот премиер, посочувајќи дека Харадинај не ги разбира големите прашања и проблеми.

Рама нагласи дека порано многу го почитувал Харадинај, но кога тој излегол во јавност со приказната дека Рама го притискал да ги укине таксите, „лажел како свиња“.

За разлика од Харадинај, кого го смета за незнајко, Рама го смета актуелниот косовски премиер Курти за најголемиот интелектуалец што Косово го има.

Треба да знаете
Последни објави