Search

Далас го понижи Шарлот и постави рекордна победа во претсезонските НБА натпреаври

Далас Маверикс утринава му гостуваше на Шарлот во претсезонски  кошаркарски НБА натпревар, и му нанесе убедлив пораз на клубот на Мајкл Џордан. Младиот словенечки кошаркар Лука Дончиќ и неговите соиграчи победија со 127:59 како гости. Ова е рекорден триумф во претсезонските натпревари во историјата на лигата, како и израмнување на највисоката разлика некогаш запишана во најсилната лига на светот. Во 1991 година Детроит со идентични +68 го совлада Мајами (148-80).

Тренерот на Далас, Џејсон Кид дури имаше можност да им даде шанса на сите кошаркари, одмарајќи го Дончиќ по направената голема позитива, па Словенецот го завршил дуелот со 10 поени и 8 асистенции.

Најефикасни кај Далас биле Хардавеј со 20 и Порзингис со 17 поени.

Шарлот имал катастрофална реализација, а единствен кошаркар со двоцифрен учинок бил Бунајт со 12 поени.

Треба да знаете
Последни објави