
Штипјанец осомничен за грабнување на малолетничка која му била партнерка.
– На 08.04.2025 во 24.00 часот во СВР Штип, М.М.(35) од Штип пријавила дека околу 23.30 часот од ул.„Черења“ во Штип, Ф.М. од Богданци, поранешен партнер на нејзината малолетна ќерка, со употреба на сила ја внел малолетничката во возило „ауди“ и заминале во непознат правец, соопштија од полицијата.
За настанот бил запознаен јавен обвинител и се преземаат мерки за негово расчистување.