Семејна трагедија кај Тузла: Го застрелал синот и ја ранил сопругата, по што се самоубил

Две лица загинаа, а едно е тешко повредено во семејна трагедија којашто се случи утринава во семејна куќа во близина на Живиница кај Тузла, Босна и Херцеговина. Како што објавуваат тамошните медиуми загинал 33- годишниот Адмир Мујчиновиќ, во кого пукал неговиот татко Зијад Мујчиновиќ (54), додека Зада Мујчиновиќ е повредена и успеала да побегне.  Според првичните информации, Зијад Мујчиновиќ со пиштол ја ранил неговата сопруга Зада , но таа избегала од куќата, по што испукал неколку истрели кон синот Адмир и го убил. Потоа се самоубил. Истрагата е во тек и тие ги утврдуваат сите околности што доведоа до оваа семејна трагедија.

Треба да знаете
Последни објави