
Дали некогаш сте се прашале зошто болките најчесто се јавуваат само на една страна од телото? Или зошто ви е послаб видот само на едното око? Според древната ајурведска медицина, левата и десната страна на телото се сосема различни по функција – и тоа има многу врска со здравјето.
Доктор Џон Џулијард, практичар на ајурведа, објаснува дека левата страна е „лимфна страна“ – таму телото природно ги преработува токсините и ги исфрла отпадоците. Болките во левата страна се поврзуваат со блокирани лимфни канали, додека болките во десната страна честопати укажуваат на проблеми со црниот дроб.
Зошто спиењето на левата страна е најздраво?
- Подобро варење: Стомакот и панкреасот се наоѓаат лево, па кога лежите на таа страна, гравитацијата им помага во обработката на храната.
- Поедноставено исфрлање на отпадот: Варењето се движи од десно кон лево – токму како што гравитацијата функционира кога лежите на левата страна.
- Помала работа за срцето: Лимфниот систем полесно го враќа течностите назад кон срцето без дополнителен напор.
- Подобро закрепнување после јадење: Само 10 минути одмор на лева страна по оброк се доволни за да се чувствувате свежо и енергично.
Ако досега не сте обрнувале внимание на положбата при спиење или одмор – можеби е време да направите мала, но многу важна промена. Вашето тело ќе ви биде благодарно.