Skip to main content
Хроника

Возач е тешко повреден откако со „југо“ излетал од пат во Валандовско

08/04/2025  17:25

Педесет и седумгодишен маж е тешко повреден откако со „југо“ излетал од пат во Валандовско.

Вчера во 09 часот во Полициската станица Валандово било пријавено дека на земјен пат во атар на село Казандол, валандовско, патничко возило „југо“ со струмички регистарски ознаки, управувано од Н.К.(57) од с.Казандол, излетало надвор од патот. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот, констатирани во Општата болница Гевгелија“, информираат од МВР.

Извршен бил увид од увидна екипа на Полициската станица Валандово.