Skip to main content
Македонија

Македонија гласаше против самоопределување на Палестина во ОН

08/04/2025  15:42

На крајот од својата педесет и осма седница во петокот, Советот за човекови права на ОН во Женева усвоил две резолуции презентирани од Државата Палестина, со кои се потврдува незаконитоста на израелските колонијални практики на окупираната палестинска територија, вклучително и источен Ерусалим, и се поддржува неотуѓивото право на палестинскиот народ на самоопределување.Триесет и четири нации гласаа за резолуцијата во врска со незаконитоста на колонијалната експанзија  додека 10 беа воздржани и три беа против. Во однос на резолуцијата за правото на палестинскиот народ на самоопределување (A/HRC/58/L.31), поддршка дале 43 земји, а само две држави биле воздржани – од кои едната е Македонија!

Од поранешните југословенски републики, Палестина веќе ја признаа  Словенија, Босна и Херцеговина, Црна Гора и Србија.

„Како да очекуваме светот да застане на наша страна, да има разбирање за нашиот проблем, кога нашите претставници во меѓународните организации даваат поинаков пример?“- беше дилемата објавена на социјалните мрежи.