Skip to main content
Хроника

Директор на училиште во Македонска Каменица пријавен за попречување на правдата

08/04/2025  12:28

Секторот за внатрешни работи Штип поднесе кривична пријава против В.Г. (37) од Македонска Каменица, кој ја извршувал функцијата директор на основно училиште во истото населено место, поради сомнение за сторено кривично дело „попречување на правдата“.

Според СВР Штип, В.Г. ги вратил документите во досието токму на денот кога требало да започне со работа новоименуваниот директор на училиштето, но без споменатите документи.

Истражните органи го сомничат В.Г. дека со ова дејствие се обидел да спречи целосно расветлување на околностите поврзани со валидноста на сертификатот. Предметот е во рацете на Обвинителството во Делчево.