Skip to main content
Хроника

Едно лице е повредено при судир меѓу возило и камион во Скопје

08/04/2025  12:26

Едно лице е повредено при судир меѓу возило и камион во Скопје.

– Вчера во 21.35 часот во СВР Скопје било пријавено дека на ул.„Прашка“ во Скопје се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „сеат“ со скопски регистарски ознаки, управувано од В.П.(56) од Скопје и товарно возило „форд“ со скопски регистарски ознаки, управувано од М.С.(43) од Скопје. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот В.П., констатирани во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“, соопштија од полицијата.

Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.