
Полицијата привела млад кавадарчанец кој тешко ја повредил баба си, информираат од СВР Велес.
-Синоќа во 20:30 часот, полициски службеници од ОВР Кавадарци го лишиле од слобода Н.Д.(24) од овој град, затоа што во семејниот дом физички ја нападнал неговата 75-годишна баба и ѝ нанел тешки телесни повреди, констатирани во болницата во Кавадарци. Н.Д. бил задржан во полициска станица, известен бил јавен обвинител и по документирање на настанот против него ќе биде поднесена соодветна пријава, соопштија од СВР Велес.