Skip to main content
Македонија

Не можам да ги гледам тие што ја грабале во вреќи: Таткото на Вања ја негира поврзаноста со обвинетите

07/04/2025  13:04

Пред Кривичниот суд во Скопје, таткото на Вања Ѓорчевска, Александар Ѓорчевски, даде длабоко емотивен исказ, тврдејќи дека нема никаква поврзаност со обвинетите за грабнувањето и убиството на неговата ќерка. Неговото сведочење дојде по настапот на обвинетиот Влатко Кешишев.

Немам апсолутно никаква инволвираност со овие луѓе. Гледам кај нив гнев, а не вина,“ – изјави низ солзи таткото на убиената Вања.

„Мијам очи за да не ги гледам обвинетите“
Одговарајќи на прашања од одбраната, Александар Ѓорчевски јасно нагласи дека не ги познава обвинетите, и дека на рочиштата постојано држи затворени очи, бидејќи не може да ги гледа луѓето обвинети за ѕверското убиство на неговата ќерка.

„За Палевски дознав дури кога ме задржаа во полиција. Никогаш не сум го познавал лично.“

Признание за минато со дрога, но јасна граница со криминалот
Таткото на убиената Вања отворено призна дека во минатото, во периодот 1993–1995, бил корисник на дрога, но истовремено потенцира дека сам се пријавил за детоксикација и оттогаш нема никакви контакти ниту со супстанци, ниту со луѓето од тој круг.

„Се рехабилитирав со помош на моето семејство и работодавците. Од тогаш сум чист. Тоа не е тајна.“

„Ниту сум имал долгови, ниту мотив за такво злосторство“ – вели Ѓорчевски
Александар Ѓорчевски нагласи дека не бил во финансиска криза, ниту имал долгови, што според него ја исклучува секоја основа да учествува во план за грабнување на сопственото дете. Додаде дека си дал отказ уште во март – девет месеци пред трагичниот настан.

„Не бев во ситуација да правам нешто такво. Работев, имав поддршка. Немав причина, немам мотив.“

Таткото на Вања со искрен и потресен исказ ја бара вистината

Сведочењето исполнето со емотивни моменти и отворени признанија, фрла ново светло врз судскиот процес. Неговите зборови беа и одбрана и обид за човечка правда. Истакна дека е човек кој изгубил сè и само ја бара вистината за своето дете.