Search

Папата го нападна предлогот на Трамп за израелско-палестинскиот проблем

Папата Франциск предупреди на неправедно решение на израелско-палестинскиот проблем по блискоисточниот мировен предлог на американскиот претседател Доналд Трамп, нагласувајќи дека тоа ќе биде само вовед во нова криза.

„На средоземниот регион моментално му се заканува избивање нестабилност и конфликт на Блискиот исток и разни земји во северна Африка и меѓу разни етнички, верски и конфесионални групи“ рекол Франциско.

„Не можеме да ги занемариме нерешените судири меѓу Израелците и Палестинците, со опасност поради неправедни решенија кои би можеле да бидат вовед во нова криза“ предупредил папата.

Треба да знаете
Последни објави