Search

Брајтвајт нов играч на Барселона

Напаѓачот Мартин Брајтвајт  на шпанскиот фудбалски лигаш Леганес се пресели во Барселона. Дваесет и осумгодишниот Данец потпиша договор со Каталонците со важност до летото 2024 година.

Барселона на Твитер објави дека износот на трансферот е 18 милиони евра. Во договорот на играчот, ќе биде пропишана клаузула за откуп на договорот во износ од 300 милиони евра.

Оваа сезона на 24 настапи во Ла Лига, Брајтвајт постигна шест голови.

Треба да знаете
Последни објави