Најмалку единаесет лица се удавија во превртен рибарски брод во Бенгалскиот залив

Најмалку 11 лица загинаа, а десетици други се исчезнати откако рибарски брод, во кој се превезувале муслимани Рохинџа на пат кон Малезија потонал во водите кај Бенгалскиот залив во Бангладеш, соопштија денеска властите, јави ДПА.

Нор Ахмад, претставник на локалната самоуправа, за агенцијата изјави дека крајбрежната стража вадела тела на речиси еден километар од островот Свети Мартин, најјужниот дел на Бангладеш, во Бенгалсккот залив.

-Бродот бил преполн, на него имало 124 лица, кога рано утринава се превртел, изјави Ахмад телефонски за ДПА од островот. Меѓу патниците имало околу 90 жени и осум деца.

Шеесет и едно лице се спасени, а останатите се водат за исчезнати, додаде тој.

-Сите тие се Рохинџа и пловеа за Малезија во мал чамец низ Бенгалскиот Залив”, рече Ахмад.

Воената морнарица и крајбрежната стража на Бангладеш трагаат по исчезнатите, додаде Ахмед.

Смртните случаи од превртени чамци и бродчиња што носат мигранти без документи се вообичаена појава во оваа земја, бидејќи многу Рохинџа живеат во кампови во Бангладеши, и како и локалното население, се обидуваат да го минат Бенгалскиот Залив и да заминат за Малезија или за други дестинации.

Во Бангладеш во моментов престојуваат повеќе од милион муслимани Рохинџа, откако беа прогонети од соседен Мјанмар. Од нив, речиси 750.000  границата ја минаа по военото протерување во 2017 година, во кое загинаа непознат број луѓе во северната држава Рахина, во Мјанмар, пренесе ДПА.

Треба да знаете
Последни објави