Идната недела неформален состанок ЕУ-Зпаден Балкан во Брисел

Лидерите од Западен Балкан неформално ќе имаат состанок со лидерите на Европската унија, Урсула фон дер Лајен и Шарл Мишел, на работна вечера закажана за 16 февруари.

Организацијата на состанокот е на иницијатива на претседателот на Европскиот совет, Шарл Мишел додека ќе им се придружи и претседателот на Европската комисија, Фон дер Лајен.

Мишел на вечерата на 16 февруари, покрај шест лидери од Западен Балкан, ги покани и претседателот на Европската комисија, шефот на дипломатијата на ЕУ и премиерот на Хрватска, како земја што претседава со Советот на ЕУ.

На состанокот ќе се разговара за ситуацијата во регионот, интеграцијата во ЕУ и подготовките за претстојниот самит ЕУ-Западен Балкан во Загреб.

Еден ден подоцна, на 17 февруари, во Брисел ќе се одржи донаторска конференција за обнова на подрачјата во Албанија погодени од земјотресот.

Треба да знаете
Последни објави