Поштата во БиХ ги откажува пратките кон Кина поради коронавирусот

Трите поштенски оператори во Босна и Херцеговина, поради појавата на коронавирусот, целосно ги суспендираа сите редовни поштенски пратки за Кина, освен експресните испораки преку ДХЛ-сервисот, додека прекината e и испораката на пратките за клиентите од БиХ од областа Вухан, а за другите региони се очекуваат одложувања, пренесува хрватски „Индекс“.

Од таму се повикуваат на соопштение од Хрватски пошти во Мостар, според кое суспендиран е приемот на сите видови редовни пратки кои ги вршат поштенски оператори од БиХ, односно Хрватски пошти Мостар, Поштатата на БиХ и Поштата на Република Српска, кои се наменети за Народна Република Кина.

„Причината е привременото прекинување на летовите од страна на повеќето странски авиокомпании кон НР Кина со цел да се спречи ширењето на коронавирусот“, се вели во соопштението на Хрватски пошти во Мостар.

Се додава дека експресните пратки преку ДХЛ до Кина се суспендирани само за областа Вухан, додека за останатите кинески области се очекуваат доцнења во транспортот и доставата.

Ова се должи на препораките на здравствените установи, односно ДХЛ и меѓународните поштенски сервиси кои управуваат со пратките.

Треба да знаете
Последни објави