Темелковски: Никој не спомнува дека пола од опасните материи кои беа во ОХИС се пратени во странство за уништување!

Градоначалникот на општина Кисела Вода, Филип Темелковски во разговор на  „Утрински брифинг“  потенцраше дека се шират многу шпекулации околу ОХИС, која се најде во центарот на вниманието  кон крајот на минатата година поради истекувањето на линданот.

-Ние пред една недела организиравме информативна трибина за ОХИС, за да бидат запознати и граѓаните и медиумите што точно се случува во ОХИС. Има премногу шпекулации, а никој не спомнува дека половина од опасните материјали кои беа во ОХИС се препакувани и пратени во странство за уништување, истакна Темелковски.

Треба да знаете
Последни објави