Skip to main content
Македонија

Мисајловски: Само со стабилно финансирање ќе успееме да ги развиваме одбранбените способности

18/10/2024  14:41

На денешниот втор ден од состанокот на министри за одбрана на Северно-атлантскиот совет кој се одржува во седиштето на Алијансата во Брисел, Кралството Белгија, се разговараше за достигнувањата, развојот на способностите, логистиката, операциите, капацитетите во однос на Концептот за одвраќање и одбрана на НАТО во рамки на Евроатлантската област.

„Посветени сме на исполнување на националните и обврските кои произлегуваат од нашето членство во НАТО. Само со стабилно финансирање ќе успееме да ги развиваме одбранбените способности”, заклучи министерот Мисајловски.