Харисон Форд ќе глуми во Индијана Џонс 5

Харисон Форд ќe глуми во Индијана Џoнс 5, а продуцентот Кетлин Кенеди ги негира гласините дека главниот протагонист во филмот ќе биде робот.

И покрај неодамнешните тврдења дека Индијана Џонс ќе биде робот, продуцентот Кетлин Кенеди потврди дека Харисон Форд се враќа.

На црвениот тепих на БАФТА наградите, таа беше децидна дека Индијана Џонс 5 нема да биде робот.

Доктор Хенри Волтон Индијана Џонс, Помладиот е измислен американски авантурист, таен агент, професор по археологија и главен лик во серијалот играни филмови Индијана Џонс. Ликот го создадоа Џорџ Лукас и Стивен Спилберг со цел да им се оддаде почит на хероите од акционите филмови од 1930 година. Ликот на Џонс за првпат се појавува во 1081 година во филмот „Индијана Џонс: Крадците на изгубениот ковчег“.

Потоа во 1984 година се појавува во филмот „Индијана Џонс и храмот на пропаста“, во филмот „Индијана Џонс: Последната крстоносна војна“ од 1989 година, во филмот „Хрониките на младиот Индијана Џонс од 1992 и 1996 година и во филмот Индијана Џонс и Кралството на кристалниот череп од 2008 година.

 

Треба да знаете
Последни објави