Протести во 20 градови низ Србија за „борба за чист воздух”

Во Белград и во над 20 други градови во Србија денеска ќе се одржат протести на граѓаните поради големото загадување на воздухот, јави дописникот на МИА од Белград.

Како што најавија организаторите на протестот, Граѓанскиот фронт и иницијативата „Да не го давиме Белград”,протестот ќе се одржи под мотото „Борба за чист воздух” и тој се организира поради тоа што граѓаните бараат конкретни и итни мерки за решавање на проблемот со загадувањето, а владата и надлежните служби одговараат со бегање од одговорноста и намалување на значењето на рекордното загадување.

-Србија според податоците на Светската здравствена организација, е втора земја во Европа по бројот на предвремени смртни случаи заради загадување на воздухот и доколку не направиме нешто конкретно по ова прашање, малку е веројатно ситуацијата да се подобри. Нашите градови се затруени, а последиците ги чувствуваат сите. Затоа Граѓанскиот фронт и „Да не го давиме Белград3 ги повикаа сите оние кои се грижат за своето здравје и здравјето на своите најблиски да го искажат своето незадоволство, со оглед на фактот дека државата нема направено ништо за да не заштити, се наведува во соопштението на организаторите.

Тие посочија дека се во контакт со лица од Скопје, Сараево, Подгорица, Приштина, Бања Лука, Загреб, Софија и други градови во регионот, со заедничка желба да се здружат силите и да се организира Балкански марш за чист воздух.

Треба да знаете
Последни објави