Кејт Мидлтон ги побива гласините за заладување на односите меѓу неа и принцот Вилијам

Таа сака да се бори за нивната љубов додека сите зборуваат за заладување на односите помеѓу неа и принцот Вилијам.

Светските медиуми забележаа дека војводата и војвотката од Кембриџ, принцот Вилијам и Кејт Мидлтон, неодамна, на доделувањето награди на британската академија за филм (БАФТА) или „британски оскари“ цело време избегнувале да се погледнат или да се допрат, што дополнително ги подгреа гласините за мала криза во нивниот брак.

Повод за медиумски шпекулации беше видео клип на кој јасно се гледа дека Кејт одбива Вилијам да ја допре за рака.

Кејт, меѓутоа, вчера се појави во јавност со сопругот, а овој пат на себе имаше интересен моден додаток – марама со срциња.

Странските таблоиди пренесуваат дека многумина ова го протолкувале како нејзина порака за љубов. На овој начин таа наводно сака суптилно да покаже дека  ќе се бори за својот брак.

Во неколку наврати, фотографите ја сликале Кејт во опуштено издание, насмеана и расположена во друштво на пријатели, исто како и сопругот.

 

 

Треба да знаете
Последни објави