(ВИДЕО) Шакира: Настапот на Супербол е најубавиот подарок за мојот роденден

Шакира својот настап на полувремето на „Супербол“ го опиша како „најубав подарок за нејзиниот роденден“.

Колумбиската пејачка во неделата наполни 43 години и го прослави роденденот со настап на стадионот „Хард рок“ во Мајами на полувреме на натпреварот помеѓу Канзас Сити и Сан Франциско. Таа не можеше да побара подобар ден за прослава.

Шакира го отвори музичкиот спектакл со една од нејзините најпознати песни She Wolf, а потоа продолжи во совршен ритам со танците по кои е позната.

„Ние Латиноамериканците вечерва го искачивме Килиманџаро и направивме историја,“ напиша Шакира на Твитер веднаш по спектаклот на кој прво настапи соло а потоа заедно со Џенифер Лопез.

Легендарниот стомачен танц кој низ годините стана нејзин заштитен знак ја крена публиката на нозе.

Заводливиот танц на латино-дивата која ги испеа своите најголеми хитови  She Wolf, Empire, Whenever, Wherever  не остави никого рамнодушен, а нејзиниот настап го засени и самиот натпревар.

Треба да знаете
Последни објави