Skip to main content
Македонија

Промоција на дипломирани студенти на ФИНКИ, 2023-2024

28/03/2025  07:59

Денес на Факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство (ФИНКИ) ќе се одржи свечена промоција на студентите кои ги завршиле додипломските и постдипломските студии во текот на академската 2023/24 година.

На церемонијата, обраќање ќе има министерката за образование и наука, Весна Јаневска. ФИНКИ е дел од Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“, и е основан во 2011 година.

Овој факултет е создаден како резултат на спојување на двата најголеми института од областа на информатиката и компјутерската техника во земјата: Институтот за информатика при Природно-математичкиот факултет и Институтот за компјутерска техника и информатика (ИКТИ) при Факултетот за електротехника и информациски технологии.