– Непријатни настани ја потврдуваат потребата за забрзување на процедурите за азил, враќање на оние кои немаат право на азил и работа на затворени и контролирани центри, вели министерот за миграција и азил на Грција, Нотис Митаракис во изјавата за денешните инциденти на грчкиот остров Лезбос за време на протестот во центарот за прием и регистрација Мориа, јави дописничката на МИА од Атина.
-Примарна должност на државата е безбедноста на граѓаните. Како резултат на тоа, овие непријатни настани ја потврдуваат потребата за забрзување на процедурите за азил, враќање на оние кои немаат право на азил и работа на затворени и контролирани центри, вели Митаракис и додава дека „грчките власти ги зајакнуваат мерките за заштита и ја испитуваат можноста за поттикнување на такви реакции”.
-Некои можеби некои не се задоволни, но нека сфатат: политиката е променета, додава грчкиот министер во писмената изјава за последните случувања на Лезбос.