Во Сплит се уште се чекаат резултати од брис за евентуален коронавирус

Здравствената состојба на мажот кој е примен во Клиничката болница во Сплит поради сомневање дека е заразен со коронавирус е стабилна, и се уште се чека на конечниот лабораториски резултат.

Претставници на Клиничката болница соопштија дека брисевите се испратени во Загребската болница за инфективни болести „Фран Михаљевиќ”.

Според агенцијата Хина, пациентот имал лесна респираторна инфекција и ќе остане во изолација.

Далматински портал вчера јави дека пациентот неодамна престојувал во Кина и затоа е превентивно изолиран.

Треба да знаете
Последни објави