Словенечката полиција започна предупредувачки штрајк, забавен сообраќајот на граничните премини

Полицијата во Словенија започнала предупредувачки штрајк, што влијаело да се забави сообраќајот, особено на граничните премини.

Како што било најавено, штрајкот ќе трае од 8 до 12 часа, а поради штрајкот се формирале колони од камиони на граничните премини Брегана-Обрежје и Грушковје-Мацељ, каде што се чека повеќе од два часа, пренесува загрепски „Индекс“.

Полицијата започнала штрајк поради неисполнетите ветувања на владата за зголемување на платите и другите услови, меѓу кои и платена работа во трета смена.

Треба да знаете
Последни објави