Skip to main content
Македонија

“Нема да дозволам да бидам месо за јавен линч” Јон Фрчкоски се повлече од позицијата Директор на Центарот за истражување и анализи на СДСМ

26/03/2025  14:43

Јон Фрчкоски се повлече од позицијата Директор на Центарот за истражување и анализи на СДСМ.

“Ниско и нечовечно е да се дефокусира јавноста за катастрофалниот начин на којшто се води истргата за трагедијата во Кочани во која згаснаа животите на 59 луѓе. Тоа зборува за ДПМНЕ но јас нема да дозволам да бидам месо за јавен линч. За грешките од минатото и слабостите во младоста не се гордеам, но нема да бидат товар за СДСМ, партијата којашто ги разоткрива сите криминали на ДПМНЕ. Од морални причини се повлекувам од позицијата Директор на Центарот за истражување и анализи на СДСМ.

Фала на семејството и пријателите за поддршката во целава гнасна хајка во која ме втурнаа платениците на ДПМНЕ”, изјави тој.