Сопругата на Коби Брајант: Целосно сме уништени, нема зборови што ќе ја опишат нашата болка

Сопругата на НБА ѕвездата Коби Брајант, Ванеса се огласи за првпат по трагичната несреќа, во која животот го загубија нејзиниот сопруг и ќерката, како и седуммина други.

Со фотографија од целото семејство објавена на Инстаграм, Ванеса напиша дека е целосно уништена и дека нема доволно зборови за да ја опише нејзината болка.

https://www.instagram.com/p/B77K8XWDY7O/

„Целосно сме уништени поради ненадејната загуба на мојот сакан сопруг, Коби-прекрасен татко на нашите деца и и мојата убава, слатка Џана – сакана, внимателна и прекрасна ќерка и неверојатна сестра на Наталија, Бјанка и Капри. Посакувам да бидат тука со нас засекогаш. Тие се наш благослов, кој е прерано одземен од нас. Не сум сигурна што ни носат нашите животи денеска и невозможно е да се замисли животот без нив“ напиша Ванеса на Инстаграм.

Брачната двојка Брајант имаа четири ќерки, меѓу кои беше и 13-годишната Џана, која трагично загина во хеликоптерската несреќа.

Се уште нема најави за погребната церемонија.

Причина за несреќата, што се случи во многу магловито време, западно од Лос Анџелес, се уште не е позната. Загинатите одеа на кошаркарски натпревар во „Мамба спорт Академи“.

Треба да знаете
Последни објави