Skip to main content
Хроника

Кривична пријава и притвор за лицето кое прими поткуп 13.000 евра за изградба на апартмани во Маврово и Ростуше

24/03/2025  16:04

Единицата за корупција при Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал, до Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција поднесе кривична пријава против С.Е.(63) од Дебар поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „примање поткуп“ по член 357 и „примање награда за противзаконито влијание“ по член 359 од Кривичниот законик.