
Хидроавионот „Цесна 206“ паднал во реката Сава, во населбата Прогар, откако налет на силен ветер го принудил на неконтролирано слетување.
Граѓани кои биле во близина веднаш реагирале, пристапиле со чамци и успеале да го извлечат пилотот од студените води. Според првичните информации, авионот слетал на платформата, но поради налетот на ветрот се лизнал во реката и продолжил 300 метри низводно.
За инцидентот е информирано Третото основно јавно обвинителство во Белград, кое ќе ја спроведе истрагата за причините за падот.