
Утрово во скопско Волково се случи пукање, при што две лица се повредени, а едното е во тешка состојба и се бори за живот, дознава Скопје1.
Според првичните информации, инцидентот настанал по расправија, која завршила со употреба на огнено оружје.
– Од страна на едно лице било пукано од огнено оружје кон соседите, има повредени – потврдуваат од МВР, посочувајќи дека станува збор за првични информации.
На местото на настанот пристигнаа десетици полицајци кои го обезбедуваат просторот, а екипи на Брзата помош им укажуваат медицинска помош на повредените.
За сега нема официјални детали за причините кои довеле до пукањето. Повеќе информации се очекуваат во текот на денот.