
Денеска (21.03.2025), полициски службеници од СВР Скопје го лишија од слобода 39-годишниот Х.Х. од село Крушопек, скопско, откако со своето возило „Голф“ удрил 12-годишна малолетничка на булевар „Партизански одреди“ спроти пазарот во Ѓорче Петров.
По несреќата, девојчето било пренесено со возило на Итната медицинска помош во комплексот клиники „Мајка Тереза“, каде што ѝ била укажана лекарска помош и биле констатирани тешки телесни повреди.
Екипи на СВР Скопје извршија увид на местото на несреќата, а возачот е приведен. Против него ќе биде поднесена кривична пријава по итна постапка.