
Голем пожар на отворено вечерва беснее во делот од Струмица покрај градските гробишта, населбата Сафилар и кон селото Баница, јавија локалните медиуми.
Пожарот брзо се разгорува од силниот ветер. Според тоа што може да се види од снимките, горат делови од шума, нискостеблести растенија и трева. Засега нема информации за тоа како избувнал големиот пожар. Според дел од коментарите на струмичани на социјалните мрежи, денеска и изминатите денови биле забележани повеќе случаи на палење стрништа во Струмичкото Поле.
Според информациите, сите противпожарни екипи од Струмица се обидуваат да го локализираат пожарот и да спречат тој да стигне до куќите и другите објекти. Напомош пристигнуваат и пожарникари од други градови.