Бугарската агенција БГНЕС објави документ за кои тврди дека министерката за енергетика Сања Божиновска го доставила при вадењето на бугарско државјанство.
Барањето според информациите до кои дошол медиумот било поднесено во 2004 година и во него таа го изразила своето убедување дека има бугарски идентитет и корени.
– Изјавувам дека имам бугарска национална свест и бугарско потекло. Ова, според БГНЕС, било напишано во изјавата од 2004 година, а агенцијата го има објавено и документот.
Во изјавата за аплицирање за бугарско државјанство, Божиновска навела и дека и нејзината мајка и нејзиниот татко се Бугари по потекло, наведува БГНЕС