Skip to main content
Македонија

Финансиска полиција вклучена во акција за проверка на работа на кабареа, дискотеки и ноќни клубови

21/03/2025  15:40

Управата за финансиска полиција е вклучена во големата акција за проверка на работата на објектите кои функционираат како кабареа, дискотеки и ноќни клубови. На располагање се ставени сите капацитети на управата за потребите на оваа акција, која има за цел да открие евентуални неправилности и нелегални активности во работењето на овие објекти.