
Независното здружение на новинари на Србија (НУНС) и Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ), реагираа за неетичкото известувањето на српски, регионални медиуми и претставници на странски дописници за погребот на загинатите во Кочани.
Ги повикаа да ја почитуваат приватноста на семејствата на жртвите и да не објавуваат фотографии и видеа кои вознемируваат.
Од ЗНМ велат дека ја повикуваат Европската федерација на новинари (ЕФЈ) да им посочи на сите регионални и светски медијски професионалци да ја почитуваат приватноста и достоинството на семејствата на починатите и да не го пренесуваат погребот во живо и да не се објавуваат експлицитни и неприфатливи фотографии.