Skip to main content
Македонија

Соиграчите плачат за Андреј, под дресот гори свеќа – тага по смртта на младиот фудбалер

20/03/2025  11:14

ФК Шкупи објави фотографија од нивната соблекувална со дресот на Андреј Лазаров кој беше една од жртвите во трагедијата во Кочани.

Соиграчите плачат, а под дресот гори свеќа.

Фудбалскиот клуб Тиквеш, пак, вчера објави дека го повлекува дресот со број 16 со кој во клубот настапуваше Андреј.