
Израелската армија денеска упати нов повик до населението на Газа да се евакуира од „опасните борбени зони“ во северниот и јужниот дел на енклавата, еден ден по интензивните бомбардирања во кои Хамас соопшти дека загинале повеќе од 400 луѓе.
Оваа наредба за евакуација се однесува на областите Беит Ханун, Кирбет Куза, Абасан ал-Кабира и Абасан ал-Џадида.
Во овие области армијата ги започна своите операции против терористичките групи, објави портпарол на израелската армија на „Икс“, повикувајќи ги жителите да одат во засолништата во западниот дел на Појасот Газа и Кан Јунис.