
Мирно и тивко е утрово во Кочани, три дена по најголемата трагедија што го зафати овој македонски град каде загинаа 59 главно млади лица.
Кочани и неговите граѓани се подготвуваат за најтажниот ден во историјата кога 30 лица ќе бидат погребани на градските гробишта.
Попладнево во црквата од 17.00 часот прво ќе се одржи молебен за сите повредени лица кои се на лекување, а потоа и помен за починатите лица.
Погребот ќе се одржи утре во 12.00 часот, а според најавите се очекува присуство на неколку илјади граѓани.