Skip to main content
Македонија

Таравари: Првите 72 часа ги минавме без нови смртни случаи

19/03/2025  11:20

Ги минавме првите критични 72 часа без нови смртни случаи, изјави министерот за здравство, Арбен Таравари на прес-конференција.

„Нема починати меѓу оние кои ја преживеаја трагедијата. Се надевам дека сите пациенти ќе закрепнат и полека-полека да зборуваме колку пациенти си одат дома“, рече Таравари.

Тој го даде и последниот пресек на бројките на пациенти во домашните и во странските болници. Како што истакна, во македонските државни болници се третираат 64 пациени, во приватните – 13, а надвор од државата се преземени 101 лице. За нив рече дека се наоѓаат во релативно стабилна состојба.