Skip to main content
Култура

Поради трагичниот настан во Кочани се одложува Неделата на франкофонскиот филм

19/03/2025  10:14

Францускиот институт во Скопје известува дека Неделата на франкофонски филм, предвидена да започне оваа недела, се одложува поради трагичниот настан во Кочани.

За новите датуми на одржување на манифестацијата дополнително ќе информираат.

-Францускиот институт во Скопје и целиот негов тим изразуваат длабока тага поради трагедијата што се слуќи ноќта помеѓу сабота и недела во Кочани. Во знак на почит, покрај Неделата на франкофонски филм, сите останати настани предвидени за оваа недела се одложуваат, се наведува во соопштението на Францускиот институт во Скопје.