
„Русија има предност. Како што знаете, руските сили опколија околу 2.500 илјади украински војници, што не е добро. Сакаме да ставиме крај на тоа“, изјави американскиот претседател Доналд Трамп по разговорот со рускиот претседател Владимир Путин.
Трамп рече дека разговорот со Путин поминал одлично, разговарале за многу теми, меѓу кои и патот до мирот.
Според него, рускиот лидер не побарал од Трамп да ја прекине помошта за Киев за ова прашање воопшто не се разговарало.
Трамп изјави и дека американските војници не учествуваат во украинскиот конфликт, во спротивно тој може да ескалира во Трета светска војна.
Кога станува збор за односите меѓу Москва и Вашингтон, американскиот лидер истакна дека економските односи може да се изедначат по завршувањето на конфликтот во Украина.
„Русија има ресурси, на САД им се потребни. Меѓу нив има ретки метали“, нагласи Трамп.
Тој исто така додаде дека Вашингтон планира да ги нормализира односите не само со Москва, туку и со Пекинг.
„Ќе бидеме во пријателски односи со двете земји“, заклучи американскиот лидер.
Како што претходно соопшти Кремљ, претседателите на Русија и на САД, Владимир Путин и Доналд Трамп, одржаа детален и искрен разговор за Украина, пренесува Спутник.
Рускиот лидер позитивно реагираше на иницијативата двете страни во конфликтот да престанат со нападите врз енергетската инфраструктура на 30 дена, се вели во соопштението.